Најпопуларната криптовалута во светот, Биткоин е на 8 февруари 2021 година достигна рекордна вредност од 44.800 долари!
Причината за овој нов ненадеен раст од 16% може да се најде во фактот што компанијата Тесла Моторс инвестираше 1,5 милијарди долари во оваа криптовалута.
Овој производител на електронски автомобили планира да им овозможи на своите потенцијални клиенти да ги купат своите возила со овие дигитални монети во блиска иднина!
Токму Илон Маск влијаеше на пазарот на крипто-валути со некои свои потези на социјалната мрежа Твитер, а аналитичарите посочуваат дека другите компании може да го следат трендот на Тесла моторс.
„Мислам дека ќе видиме забрзан тренд на компании кои инвестираат во Биткоин сега кога Тесла го направи првиот потег. Една од најголемите компании во светот сега поседува Биткоин и затоа секој инвеститор кој поседува акции во Тесла е исто така изложен на тоа“, рече Ерик Тарнер, потпретседател на Месари, компанија за обработка на податоци за берза и истражување на криптовалути.
Не само што Маск влијаеше на растот на крипто-валутата Биткоин, туку и на крипто-валутата Догекоин, но тој не е единствената славна личност која е фасциниран од оваа дигитална паричка направена според едно меме.
Американскиот рокер Џин Симонс, поранешен член на групата „Кис“, како и раперот Снуп Дог, со своите објави влијаеја на уште поголема популарност на оваа криптовалута.
@elonmusk pic.twitter.com/KElwKghpei
— Snoop Dogg (@SnoopDogg) February 6, 2021
Цената на овој токен скокна 65 проценти за 24 часа, достигнувајќи рекордни 0,083745 долари во неделата во 17:30 часот по источно-американско време, според податоците на порталот CoinMarketCap.
Огромниот раст на валутата Dogecoin ја зголеми нејзината пазарна капитализација од 6,1 милијарди долари на 9,5 милијарди долари за само неколку дена. Во еден момент, нејзината вкупна пазарна вредност достигна 10,7 милијарди долари, што ја натера оваа дигитална валута да го заземе 10-тото место на најсилните крипто-валути.
Колку сето ова е голема шега за богатите најдобро покажуваат објавите на Твитер на Маск.
Сепак, неговата компанија јасно стави до знаење дека кога станува збор за Биткоин, нема шеги!