Пожар избувнал утрово во затворот во Идризово.
Како што соопштија од Противпожарната бригата-Скопје, пожарот бил пријавен околу 4 часот, а изгорела кровна конструкција. Интервенирано било со едно возило и четворица пожарникари.
Причинета е штета од околу 15.000 денари, а пожарот бил ставен под контрола за еден час, соопштија од противпожарната бригада.













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















