Рускиот нуклеарен дрон на лето влегува во морето: Моќното и неуништливо подводно возило “Посејдон” е подготвено за последниот тест

263

Тестот на повеќенаменското беспилотно вооружено подводно возило “Посејдон” на море, ќе започне на лето.

“Успешните тестови го отворија патот кон тестовите на море. Тестовите ќе почнат кога времето ќе биде поволно, ова лето”, рекол изворот. 

Кон крајот на декември, еден од изворите за “Tass” изјавил дека биле завршени тестовите на нуклеарниот погон “Посејдон”.

“Посејдон” ќе има можност автономно да ги избегнува непријателските системи за одбрана, изјавил неименуваниот извор минатиот месец.

“На патот до својата мета “Посејдон” ќе може да ги избегнува сите бариери против подморници, како и други непријателски системи за одбрана, благодарение на сосема автоматизираниот систем на оперирање”, рекол тој извор за агенцијата.

Според неговите зборови, “Посејдон” ќе може да достигне длабочина од еден километар, а ќе има максимална брзина од околу 200 километри на час.

“Сетоа тоа заедно…ќе го направи возилото неуништливо и ќе гарантира уништување на метите”, вели изворот.