Денес Ве запознаваме со Даниел Цуклев. Тој е љубител на добриот залак, а исто така ужива и во подготвување на истиот. Готвењето на вегетаријанска храна му е особено задоволство. Вели дека не е најголем фан на месо и дека јаде повеќе месо само кога ќе забележи дека слабее поради својот брз метаболизам. Оризот е една од неговите омилени намирници. Тој обожува да готви јадења кои вклучуваат ориз во најразлични варијанти. Фотографиите од своите рецепти ги објавува на својот инстаграм профил и така ја креира својата „готвачка“ инстаграм приказна, која ни ја раскажува низ овие пет фотографии:
Крем супа од леќа, спанаќ и компир е рецепт од една многу интересна блогерка која живее во Чикаго, готви веган исхрана и секогаш може да се најде здрав и брз рецепт на нејзината страна. Овој рецепт беше малку изменет од моја страна и наместо блитва додадов спанаќ и печурки. Леќата и сечканиот компир се варат околу 20 минути, па потоа се додава доматно пире и листови спанаќ. Се остава уште 15 минути да се готви па се додаваат зачини, рендана кора од лимон, печени семки од тиква и сончоглед и 2 лажици Hemp масло.

Фокача потекнува од италијанската кујна и може да се направи во разни варијанти. Ова тесто беше направено за домашен леб, но после еден час чекање да втаса, се одлучив да биде фокача. Убаво и крцкаво испечено лепче со рузмарин, секогаш може да биде добра идеја за нешто поразлично од она секојдневното.

Со се почесто следење на веганска и вегетеријанска исхрана доаѓам до рецпети, состојки и начин на готвење кои сакам да ги пробам. Така и овие Noodles, Spirulina Noodles кои ги купив од маркет во Солун, ги зготвив со зеленчук и печен наут. Секогаш може да се најде брз и здрав рецепт кога станува збор за Noodles.
Доколку сте обожаватели на Smoothie како мене, ова е совршен рецепт. Барем 2 пати во текот денот се трудам да направам некоја интересна комбинација со мешење на зеленчук и овошје. Секогаш доаѓам до некоја интересна комбинација како оваа денес. Сладок компир, јаболко, морков, сок од портокал и ѓумбир.

Брзи и здрави мафини со кокосово масло, кокосов шеќер и боровинки. Вегански мафини со само неколку состојки: брашно, масло, шеќер и боровинки. Вкусен и здрав десерт за секоја прилика.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












