Лудило во Лајпциг! Русите отвориле евтин супермаркет и морале да го затворат по 5 дена! Еве што им направиле Германците

0
381

Торгсервис, првиот руски ланец на продавници на западноевропскиот пазар, ја затворил својата продавница во Лајпциг по само пет дена – и тоа бидејќи распродале сè.

Торгсервис минатата среда ја отворил својата прва продавница во источниот дел на Германија. 

Нивниот главен адут се ниските цени, пониски дури и од оние во најголемите германски дисконти. На пример, половина килограм мелено месо подготвено за печење во оваа продавница чини неверојатни 99 центи.

“Почитувани клиенти, поради многу големата побарувачка нашата продавница ќе биде затворена на 4-ти и 5-ти февруари. Реагиравме многу брзо, но моравме да заклучиме дека и на нашите доставувачи им е потребно време да ги наполнат полиците. Со најниски цени за вас сме повторно отворени од 6-ти февруари од 9 часот”, стои во пораката која ги дочекала купците на влезните врати во продавницата во Лајпциг.

Некои германски медиуми се сомневаат дека продавницата е затворена поради некои производи кои можеби не ги задоволуваат стандардите за квалитет на храната, кои ги пропишуваат строгите европски закони.

Во Торгсервис велат дека сите производи им ги задоволуваат европските стандарди и дека во главно доаѓаат, освен од Германија, од две соседни држави, Полска и Чешка, двете членки на Унијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here