Нобеловката Уидед Бушамауи и официјално ги предложила македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за кандидати за Нобелова награда за мир за 2019 година.
Бушамауи, како што денеска информира прес-службата на македонската Влада, испратила писмо до премиерот Заев со кое го известува дека официјално пратила допис до Комитетот за Нобеловата награда за мир со номинација тој и неговиот грчки колега да бидат кандидати за наградата за 2019 година.
Во писмото, Бушамауи ја искажува својата убеденост дека Договорот од Преспа претставува модел за мирно и конструктивно решавање на билатералните и мултилатералните недоразбирања меѓу соседните држави, кој може да служи како пример за Балканот и пошироко и оти ратификацијата на Договорот во двете држави сведочи дека дијалогот, позитивната енергија, космополитизмот, решителноста и чувството за добрососедство се клуч за сите проблеми независно од притисоците на националистите од двете страни.

– Во овој процес и во овој храбар и визионерски акт со кој се утврдува дијалогот, довербата и основата за една заедничка иднина на Република Северна Македонија и на Грција во рамките на меѓународните организации, вие господине Премиере Заев , како и господинот Ципрас, одигравте клучна улога. Во таа смисла, си дозволувам да искажам големо почитување и восхит кон вас двајцата лидери – големи градители на мирот на Балканот, пишува Бушамауи во писмото до премиерот Заев.
Писмо со идентична содржина, како што велат од македонската Влада, Бушамауи испратила и до грчкиот премиер Ципрас.Поддршка за номинацијата во саботата дадоа и претседателот на Групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент Удо Булман, Ска Келер од групата на зелените/Европска слободна алијанса и Габи Цимер од Европската обединета левица – зелена нордиска.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











