Заврши владеењето на Јарецот и започнува владеењето на Водолијата. Ова е знак на интелектуалците, мислителите, научниците и активистите.
Водолиите од една страна се мирни и срамежливи, а од друга многу екцентрични. Тие сакаат долги разговори, бидејќи се карактеризираат со силен интелект и логика. Тие се личности без предрасуди, кои одлично ги решаваат проблемите, а често многу лесно се прилагодуваат на другите луѓе.
Тие се воздушен знак кој ако нема умствена стимулација, се чувствува уморено. Ним, мотивацијата им е најважна за да постигнат најдобар резултат. Имаат моќ за брза трансформација.
Во љубовта, ништо не може да ги заинтересира повеќе од добар разговор. Кога е во прашање љубовта, највеќе ја ценат искреноста. Многу се комуникативни, но за зближување со некоја личност често им треба многу време. За нив, блискоста претставува ранливост и затоа се многу внимателни.
Во пријателствата, најчесто бараат креативност, интелект и доверба.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















