Научниците со неверојатно откритие: Оваа течност го спречува ширењето на Ковид-19

488

Оваа теза била докажана со помош на експеримент кој што го спровеле виролозите од Рур Универзитетот во Бохум, во соработка со колегите од Бремен и Нинберг.

Новото истражување покажало дека Ковид-19 може да биде деактивиран со употреба за течност за уста.

Резултатите од истражувањето ги пренел „Sciencedaily“, а научниците велат дека високата концентрација на вирусот кој што вообичаено се наоѓа во грлото и забите на заразените луѓе, може да се намали со употреба на течност за миење на устата и со тоа воедно да се намали ризикот инфицираната личност да го пренесе вирусот на некој друг.

Во истражувањето биле користени осум различни течности кои што научниците ги помешале со честички од вирусот.

Со таквата течност го имитирале процесот на плакнење на устата кој што се случува во текот на употреба на таква течност.

Секоја од осумте различни течности ефикасно го намалила бројот на присутноста на вирусот, а три од нив таа работа ја направиле за само 30 секунди.

Меѓутоа, неучниците напоменале дека потребно е да се направат дополнителни проверки и тестови за ова сознание дефинитивно да се потврди.