Легендарниот пејач Дејвид Боуви е прогласен за најголема икона во сетот на забавата во 20-тиот век. Тоа го изгласале гледачите на емисијата “Икони” на “BBC”, а во конкуренција биле уште и Чарли Чаплин, Мерилин Монро и Били Холидеј, пренесува “Independent”.
Целта на гласањето била публиката преку гласање да ја “избере најголемата ѕвезда на 20-тиот век”. Во емисијата се претставени уште четири категории, па гледачите бирале не само најголема икона во светот на забавата, туку и во спортот, науката, активизмот, уметноста.
Така Боуви се натпреварува и со другите категории, односно за титулата најголема икона на 20-тиот век.

Кога станува збор за останатите категории, Алан Туринг ја однел победата во категоријата “Научници”, Ернест Шаклтон во категоријата “Истражувачи”, а Нелсон Мандела во категоријата “Лидери”.
Уште се бираат и победници во категоријата Активисти, Спорт, како и уметници и писатели.

Публиката ќе избира најголема икона на 20-тиот век на 5-ти февруари, кога ќе биде и соопштено која личност најмногу се издвоила во 20-тиот век.
Анкетата во јавноста предизвикала и несогласувања бидејќи некои сметале дека изборот е премногу тесен, со оглед на тоа дека не биле земени во предвид многу други светски великани. Луѓето најмногу негодувале поради тоа што на списокот не се нашле Битлси и Елвис Присли.
Дејвид Боуви умрел на 11-ти јануари 2016-та година, по 18-месечна борба со ракот. Боуви починал само два дена пред да го прослави 69-тиот роденден.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















