И официјално УЈП ќе има пристап до приливите на граѓаните од банкарските сметки, откако владата на денешната седница ги усвои предлог-законите за изменување на законите а банки и за Управата за јавни приходи со кои се овозможува тоа.
Од Владата велат дека тоа на Управата ќе ѝ овозможи да ги добива потребните податоци за изработка на претпополнетите пријави за данок на личен доход. Со предлог-законите за изменување на законите за банки и за УЈП, исто така, се гарантира и повисока безбедност на податоците со користење на најнова технологија, односно енкрипција на податоците.

„Измените се предлагаат со цел заштита на даночните обврзници во случаи каде е предвидено Управата за јавни приходи да добива податоци за приливите на сметките на обврзниците. Имено, Управата за јавни приходи меѓу другото ќе спроведува технички, организациски и други мерки за заштита на податоците обезбедени согласно овој и/или друг закон, со цел нивна заштита од губење, уништување, или недозволен пристап, неовластена примена и секаква друга злоупотреба. Овој нацрт текст на законот е усогласен со Дирекцијата за заштита на лични податоци“, образложија од Министерството.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















