Џуслин Марињо е 23 годишна девојка од Бразил која е родена без вагина, матка, јајници и јајцеводи. За неа од самиот почеток се знаело дека никогаш нема да може да биде мајка, бидејќи страдала од синдромот MRKH (Mayer Rokitansky Küster Hause), нарушување кое се случува најчесто кај жените и влијае врз репродуктивниот систем.
Докторите започнале да го проучуваат нејзиниот пролем набрзо кога пораснала, а на 22 години ја направила и првата операција. Хирурзите ѝ го отвориле делот од телото на кој требало да се наоѓа вагината и го обложиле со кожа од риба.
После хируршкиот зафат, Џуслин поминала три недели во болница, а потоа отишла дома воодушевена со резултатите, пренесува Дејли Меил

“Беше прекрасен момент, бидејќи сè функционираше совршено. Не болеше многу, тоа за мене беше уживање и задоволство. Се чувствувам нормално, како “таа” секогаш да била на тоа место”, раскажала Бразилката за Дејли Меил како и дека го имала првото сексуално искуство со своето момче Маркус.




![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















