Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра одлучувачкиот натпревар за пласман во баражот од Лигата на нациите.
Доволен ни е и бод за да одиме ранг погоре, во Ц дивизијата, но сакаме победа за да бидеме домаќини во првиот полуфинален натпревар, а со тоа и да ги зголемиме шансите за учество на Европското првенство во 2020 година.

Противник во последното коло ќе ни биде Гибралтар на домашен терен и логично е што сите очекуваме победа. Гостинот доаѓа со само двајца професионални фудбалери во составот, а останатите имаат други професии.
Голманот е пожарникар, во средниот ред има двајца полицајци, во одбраната еден цариник, а на левата страна има електричар.















![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)















