Бијонсе повторно ги остави фановите со прашалници: Со овој изглед најави нов тренд!

1162

Сè што планетарно популарната пејачка Бијонсе, ќе стави на себе, во рекорден рок станува тренд.

Ништо поразлично не беше ниту со нејзиниот последен експеримент. На галеријата од фотографии која ја објави, носи, ни повече ни помалку, туку сребрен кармин.

Храбриот мејкап го усогласила со многу елегантен аутфит, кој се состои од карирано одело во неутрални нијанси и портокалов капут и ташна, кои целокупниот изглед го збогатиле поради изборот на боите.

Оваа ладна боја на кармин е совршен избор за претстојната сезона, а ќе ви послужи и како одлична контраст на топлите тонови, кои секако ќе ве издвојат од масата.

Во коментарите под галеријата можат да се прочитаат само пофални зборови за ова модно издание на пејачката, а има и многу прашања за брендот на карминот, кој Бијонсе сè уште не го открила.

Дали и вие сте една од храбрите девојки кои би го пробале овој неверојатен кармин?