Викторија Лоба која неодамна го промовираше видеото за дуетската тема со Тајзи – “Каде сме ние“ наскоро ќе го објави новиот албум кој го работи со Роберт Билбилов. Освен што снима во студио, русокосата убавица исто така активно рекламира шминки, автомобили и долна облека и е заштитно лице на голем број брендови. Покрај работата, пејачката со руско потекло ја исполнува и љубовта и веќе долги години е во складна врска со скопскиот бизнисмен Ѓорѓи, па голема е веројатноста наскоро да ја видиме и во венчаница.
“Верувам во љубов за цел живот, приватниот живот секогаш сум го чувала само за себе и така планирам и да остане и можам само да кажам дека во моментов сум емотивно исполнета и среќна“, тврди атрактивната Вики која неодамна ја скрати и долгата руса коса која беше нејзин заштитен знак долги години.
“Ми беа потребни промени затоа ја скратив, како и да е не е тоа ништо страшно зашто е повторно долга и многу брзо расте“, рече Лоба и додаде дека надворешната убавина воопшто не и важна во животот.
“Не се фокусирам на епитетите со кои ме поврзуваат, туку на внатрешната сила. Убавината и сексапилот помагаат да бидеш забележан, но тоа што вистински ќе ти помогне во животот е силната волја и добродушност“, заклучи пејачката.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















