Северина и Марија Шерифовиќ со концерти во Охрид

823

Покрај Цеца Ражнатовиќ и Масимо Савиќ, на листата изведувачи кои ова лето ќе одржат концерти во Охрид се приклучија и Северина и Марија Шерифовиќ.

Имено, концертот на Севе е закажан за 27 јули, на стадионот “Билјанини извори”, додека, пак, 3 август ќе биде резервиран за солистичкиот спектакл на Марија Шерифовиќ, на истата локација.

Северина во моментов е актуелна со хитовите “Унапред готово”,  “Хазардер” и “Мртав за мене”, со кои го најави нејзиниот нов албум. Претходниот поголем концерт на Северина во Македонија беше во Скопје, во 2013 година, кој беше дел од промотивната регионална турнеа на албумот “Добродошао у клуб”.

Концертните настапи на таа турнеја беа богато мултимедијално шоу, а ги режираше покојниот словенечки режисер со светски успеси, Томаж Пандур.

Шерифовиќ пред неколку недели, пак, одржа  голем концерт во Белград, специјална гостинка и беше Лепа Брена, а пред два месеци се дружеше и со македонската публика, но на скопски терен, во ВИП Арената “Борис Трајковски”.