Премиерот Зоран Заев денеска на неговиот официјален фб профил со пораката „Време е“ ги повика сите пратеници да ја преземат својата историска должност во однос на статешките приоритети на земјата – членството во НАТО и ЕУ.
– Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор, пишува на фејсбук статусот на премиерот Заев.
Владата вчера го достави до Собранието Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насока за негово изменување и дополнување што е обврска од Договорот од Преспа.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















