Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини ја објасни својата одлука да не ги повика Марио Балотели и Андреа Белоти во тимот.
Италија ќе одигра пријателски натпревар со Украина на 10 октомври и дуел со Полска на 14 октомври во рамките на Лигата на нациите.
– Во моментов, Балотели и Белоти не се во најдобра форма, но тие се дел од тимот. Вратата во националниот тим е отворена за сите. Кога Марио и Андреа ќе бидат подготвени 100 проценти, тие ќе бидат повикани, изјави Манчини.
Токму Манчини е тој што го врати Балотели во репрезентацијата по пауза од четири години. Претходно последен пат „Супер Марио“ за Италија настапи во 2014 година, а со доаѓањето на Манчини на клупата на „азурите“ контроверзниот напаѓач во мај оваа година беше вратен во националниот тим.




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































