Македонија е над европскиот просек според процентот на работоспособно население. Во земјава 59,5% од населението е на работоспособна возраст (лица од 20 до 64 години), додека во ЕУ тие сочинуваат 58,3% од популацијата, покажуваат податоците на Евростат.
Највисок процент на работоспосообни граѓани меѓу осумте плански региони во Македонија има во Полошкиот 61,6%, а најмал во Скопскиот 58,3%.
Во ЕУ, пак, бројот на луѓе на работоспособна возраст е најголем во 22 региони во Германија 63,0%, како и во неколку региони во Данска и на островските региони во Шпанија.
Спротивно на тоа, во 189 региони во ЕУ, населението на работоспособна возраст сочинува помалку од 55,0% од вкупната популација.
Овие региони главно се рурални, вклучувајќи ги внатрешноста на Португалија, големи делови од рурална Франција, поголемиот дел од источна Германија и руралните територии во Бугарија, Грција и нордиските земји. (МИА)












![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


















![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-100x70.webp)

