Рано утрово, Филип Хргович го предизвика фаворитот Мозес Итаума пред преполната “О2 Арена” во Лондон (Англија).
Во уводниот дел од судирот 21-годишниот англичанец ја имаше предноста. Она што претставуваше понатамошен проблем за Итаума е издржливоста на искусниот хрватски боксер кој од рунда во рунда тактички го исцрпуваше помладиот противник. Брзината и експлозивноста на Итаума беше повеќе од забележителна од првата до шестата рунда, но од спротивната страна Хргович ја презентираше својата стабилност, одбрана и “гранитно” силната издржливост за примање на удари без да го разнишаат.
Во 9-тата рунда Хргович комплетно ја превзема контролата исфрлајќи го од баланс противникот кој беше повеќе од очигледно дека е дезиорентиран и на крајот конечно поразен. Со оваа победа Филип Хргович стана првиот хрватски боксер кој успеал да освои светска титула. За 34-годишниот колос ова е 21-ви триумф во професионалната кариера а е посебно драг бидејќи по него тој е сопственик на IBF појасот во тешка категорија.
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)
























![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-100x70.webp)


