Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на селото Бојане, пожар што од тетовска страна сега полека се префрла на скопска страна. Пожарот е на тешко пристапен терен – соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари во гаснењето на пожарот се вклучени и колеги од Тетово.
– Очекувам во попладневните часови да биде воспоставена контрола врз овој пожар, тежок за гаснење – додаде Ангелов во изјавата.
Од ЦУК претходно изјавија дека зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот што го носи чадот од пожарот што гори на Китка во општините Студеничани и Зелениково, а на кој денеска дејствувал хеликоптер на МВР, информираа од ЦУК.






































