Регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, а од нив, три се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Од активните пожари, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај село Драгов Дол и кај село Локвица. Третиот активен пожар е на територија на општина Прилеп, во регионот на село Чаниште.
– Со два крака – едниот кон село Зовиќ, а другиот кон село Крушевица. Опожарена е ниска вегетација – појаснија од ЦУК.
Пожарот на депонијата во Делчево, според информациите до 7:30 часот, е под контрола.
Од изгаснатите пожари, два биле на територија на општина Ѓорче Петров, два во регионот на Сарај, два во Штип, по три во Долнени, Кичево и Гостивар, по еден во Аеродром, Арачиново, Могила, Новаци, Радовиш, Струмица, Чашка, како и еден што бил и на територија на Велес и на Зелениково.
Пожарите изгаснале пожари и во Виница, Кочани, Липково, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце, Брвеница, Тетово, Јегуновце.
Горела и мешана шума во општините Јегуновце и Сарај. Прво на територија на селата Копанце и Туденце во општина Јегуновце, а потоа пожарот се проширил и кон селото Бојане во општина Сарај. (МИА)












![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


















![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-100x70.webp)

