Полициски службениците лишиле од слобода тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 18:00 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“ казниво по член 218 од КЗ. По претходно објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице кое дошло со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, фрла вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена, во близина на ул. „Видоје Смилевски- Бато“, СВР Тетово презеде соодветни мерки и активности и го пронајде сторителот, кој во службен разговор го призна делото – посочуваат од Министерството.
Од МВР информираат дека известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.






![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













