Реал Мадрид носи сериозно засилување

144

Реал Мадрид би можел да донесе големо засилување за следната натпреварувачка сезона. Според најновите информации, “кралскиот клуб” е во напредни преговори да го ангажира 31-годишниот играч од средниот ред, Бернардо Силва.

Откако португалскиот репрезентативец објави дека го напушта Манчестер Сити на крајот од сезоната, веднаш еден од најдобрите играчи во последната декада почна да се поврзува со можен трансфер во нов голем европски клуб. Барселона брзо се вклучи во трката за неговиот потпис, а како гром од ведро небо, пристигна информација од Шпанија дека нивниот најљут ривал Реал Мадрид е прв фаворит за ангажирање на искусниот играч за врска.

Реномираниот „АС“ дознава дека новиот тренер на екипата, Жозе Мурињо, доставил список на желби за летниот преоден рок до раководството на клубот и дека името на поранешниот фудбалер на Монако и Манчестер сити е на самиот врв на таа листа. Останува да ја видиме разврската од сето ова.