Доколку планирате подолго патување или преселба, корисно е да знаете кои европски градови ќе ве чинат најмногу, а кои ќе ве чинат најмалку месечна кирија…
Нема да мора да издвојувате најмногу пари за изнајмување стан во Европа, во Париз или во Лондон. Луксембург е најскапиот град за станари во Европа. Таму ќе плаќате 43,40 евра за квадратен метар месечно, што е речиси десет пати повеќе од киријата во Драч, Албанија, најевтиниот град на листата. Тоа е исто така за повеќе од 10 евра за квадратен метар повеќе од киријата во Париз, кој е на второ место на листата на најскапи.
„Deloitte“ редовно го објавува европскиот индекс на цени на недвижности во својот годишен извештај. На дното на листата се градовите: Сараево, кое е на 71-во место, и Бања Лука на 73-то место.
Даблин се нашол на третото место, со просечна цена од 31,70 евра за квадратен метар. Лондон, каде што е исклучително тешко да се најде прифатлив стан за изнајмување, се нашол на 9-то место, со просечна кирија од 23,80 евра по квадратен метар месечно.
10-те најскапи европски градови за изнајмување:
Луксембург, Луксембург: 43,40 евра по квадратен метар;
Париз, Франција: 32 евра по квадратен метар;
Даблин, Ирска: 31,70 евра квадратен метар;
Барселона, Шпанија: 29,90 евра квадратен метар;
Осло, Норвешка: 27,30 евра квадратен метар;
Мадрид, Шпанија: 27,10 евра квадратен метар;
Амстердам, Холандија: 26,30 евра квадратен метар;
Копенхаген, Данска: 24,80 евра квадратен метар;
Лондон, Англија: 23,80 евра квадратен метар;
Голвеј, Ирска: 22,90 евра квадратен метар.
















![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)

![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)



















