Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва информираше дека во една скопска населба бил заловен волк, кој, како што посочи, незаконски бил чуван како домашно милениче.
Според неговата објава на социјалните мрежи, животното било пронајдено со ремче и ланец, по што веднаш биле известени надлежните институции.
„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина“, напиша Ѓорѓиевски.
Тој информираше дека волкот во моментов е згрижен од службите на Скопска зоолошка градина, а од институциите очекува целосно расчистување на случајот и преземање соодветни мерки против одговорните.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












