Холиводскиот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал во моментов уживаат на одмор со своите близнаци, без да имаат предвид дека папараците ќе ги уловат.
Имено, популарниот пар неколку пати годишно паузира од обврските. Со синот Александар и со ќерката Ела одат во нивната вила на Езерото Комо.
Минатата година, кога близнаците прв пат ја посетија Италија, малиот град го опседнаа папараци, а тогаш се направени и првите фотографии од бебињата на Клуни.
Една година подоцна, ништо не е променето. Припадниците на „седмата сила”, од доверливи извори дознаваат дека Клуни оваа година прво ќе уживаат на Сардинија, каде што на приватниот аеродром со недели нестрпливо биле чекани од папараците.
Трпението им се исплатело, па холивудската ѕвезда и неговата атрактивна сопруга биле фотографирани со децата.
Може да се каже дека сега семејството е поделено на машка и женска група. Како неколку пати до сега и на оваа фотографија Ела е во рацете на мајка ѝ, а Александар во рацете на татко му.