Возач од Македонија настрада во тешка сообраќајна несреќа што се случи во вторникот околу пладне на автопатот Брегана-Загреб. Камионот што тој го управувал ја пробил заштитната ограда, удрил во далновод и се запалил, потврди Полициската управа Брод-Посавина.
Несреќата се случила во близина на Среданци во правец на Брегана, а полицијата добила пријава за пожар во возило во кое имало едно лице.
Според неофицијални информации што ги пренесуваат локални портали, возачот бил заробен во возилото и не успеал да излезе, по што починал. Според хрватските медиуми, станува збор за македонски државјанин.
На местото на несреќата биле испратени сите служби за итни случаи, вклучувајќи ги и пожарникарите, кои имале тешкотии да стигнат до местото на несреќата поради настанатиот сообраќаен метеж.
„Фејсбук“ страницата „Пожарникари – 193“ објави видео од нивното возење по автопатот, на кое се гледа дека другите возачи не создале коридор за итни случаи.
Хрватската полиција излезе со соопштение во кое потврди дека камионот е од Македонија.
„На автопатот А3 (област на општина Доњи Андријевци), камион излетал од патот и се запалил. Едно лице загина во инцидентот. На местото на настанот беа пронајдени регистарски таблички од Република Северна Македонија.
Утврдено е дека засега непознатиот возач го возел камионот, движејќи се по јужната лента, и се лизнал од коловозот на северната страна, ја пробил централната метална заштитна ограда, удрил во столб за улично осветлување и преминал на спротивната северна лента.
Откако се занело возилото, повторно удрил0 во централната заштитна ограда и друг столб за уличен светилка. Како резултат на пожарот, камионот целосно изгоре заедно со непознатиот возач. На местото на настанот беа повикани служби за итни случаи“ – се вели во соопштението од Полициската управа Брод-Посавина.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













