Големите маки на Трамп: Се обидувам секогаш да ја кажувам вистината…

448

Американскиот претседател Доналд Трамп секогаш знае да изненади со своите изјави, а синоќа тој направи голем гаф откако истакна дека „се обидува секогаш да ја кажува вистината“.

„Секогаш сакам да ја кажам вистината. Кога можам, ја кажувам вистината. Понекогаш се случува нешто поинакво или некоја промена, но сакам секогаш да бидам искрен“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за американската телевизија “ABC” и додаде: „Се обидувам, навистина се обидувам“.

Доналд Трамп е познат по своите изјави со кои што често е во центарот на вниманието. Неговите советници често мораат да објаснуваат што сакал точно да каже претседателот, затоа што Трамп е многу директен, а често прави грешки или воопшто не ги поткрепува со факти своите изјави.

Неодамна од “The Washington Post” стартуваа проект во кој што новинарите се обидуваат да идентификуваат колку грешки направил претседателот. Според последното пребројување во септември, имало околу 5 илјади.