На 27.05.2025 во 14.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека од стан на улица ,,Илинденска“ во Тетово каде сам живеел Р.Г. (89) од Тетово се шири непријатна миризба.
-Веднаш било постапено во однос на пријавата и од страна на екипа од тетовската противпожарна единица била отворена вратата и во станот бил пронајден Р.Г. починат, информира СВР Тетово.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото било предадено за обдукција.
















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)




















