Благица Петрески од Фајанс Тинк за Канал 5, како позитивна ја оцени намената на овие средства за инфраструктурни проекти и капитални инвестиции кои вели ќе влијаат на вкупната конкурентност и ќе имаат мултипликативен ефект но важно е според неа и на кој начин ќе бидат обедеени средствата, затоа што тоа може да влијае и врз јавниот долг.
„Иако нема целосни детали ако станува збор за механизам што не претставува класично задолжување во услови кога фискалниот простор е ограничен таков пристап би значел дополнителни инвестиции без дополнително фискално оптоварување, меѓутоа доколку ова претставува форма на задолжување во тој случај многу е јасно какви ќе бидат ефектите од партенерството зависи од јасноста и содржината на договорот.“ – Благица Петрески – Фајненс Тинк
Премиерот вчера не отрки под кои услови средствата ќе стигнат во земјава, рече само дека контурите се исцртани но не се финиширани уверувајќи дека ќе бидат најдобри услови досега, и посочи дека очекува раст на БДП, опаѓање на јавниот долг. Вицепремеирот пак Николовски во телевизиско гостување рече дека станува збор за договор Влада со Влада, а во еден од членовите според него, се вели дека Владата на Обединетото кралство, преку свој механизам кој се вика надворешно финансирање и става на Македонија на располагање лимит од 5 милијари фунти.
А според Петрески какви ќе бидат ефектите од овој договор многу ќе зависи и од институционалните капацитети, вели досегашнотот искуство покажува дека брза и ефикасна реализација и транспарентни процедури се слабост на нашите институции, и додава дека реализацијата на капиталните расходи речиси секоја година е под проектираната.
„Оттука во рамки на ова стратешко пратнерство очекувам да има влезни механизми кои што ќе направат потенцијално заобиколување или адресирање на овие проблеми и зависно од тоа како ќе бидат овие аспекти разрешени може да имаме различен степен на ефекти.“ – Благица Петрески – Фајненс Тинк
Со средствата од Британија земјава планира да ги гради брзата пруга од Табановце до Гевгелија, да се завшри прокетто за Клиничката болница Штип, заедно со зградата за новиот медицински факултет, болницата во Кичево, и онаа во Тетово, а во идинина спроед најавите ќе се инвестира и во енергетиката.