[ВИДЕО] Големо оштетување на авионот кој принудно слета на аеродромот „Никола Тесла“

707

„Блиц“ ексклузивно дознава дека авионот кој вчеравечер полетал од аеродромот „Никола Тесла“ за Дизелдорф, па веднаш слетал, имал огромни оштетувања во вид на дупки и пукнатини од левата страна на трупот.

Како што неофицијално дознава „Блиц“, авионот соборил светлосен сигнал при полетувањето. По околу еден час кружење авионот слетал, а сите патници безбедно го напуштиле леталото. Во авионот имало 106 патници.

По слетувањето, на авионот од левиот мотор истекувало гориво, а пожарникарите го попрскале со пена, за да спречат пожар. Како што може да се види на видеата и фотографиите по слетувањето, авионот „ембраер“ на компанијата „Marathon airlines“, кој врши летови за „Ер Србија“, има дупки и големи пукнатини на левата страна од трупот и на левото крило.