Македонскиот популарен модел кој зад себе има светска кариера, Катарина Ивановка по вторпат стана мајка, а среќната вест на социјалната мрежа Инстаграм ја сподели другарката на Ивановска, Тамара Тодевска.
Ивановска денеска по вторпат стана мајка, и покрај синчето Вања денес на свет ја донесе и ќеркичката која ќе го носи името Кира.
„Првпат името Кира го слушнав пред неколку години и многу ми се допадна. Татко ми е Киро и иако сите пишуваат дека бебето ќе го носи името по него, сосема случајно испадна Кира да е женска верзија на неговото име. А татко ми е пресреќен“ – неодамна открила Катарина во интервју за „Репортер“.

Катарина е во среќен брак со нејзиниот сопруг Цобе кои заедно го имаат и синчето Вања кое има 2 годинки и досега и двајцата се покажаа како среќни и внимателни родители.
Катарина во својата втора бременост беше постојано активна како што можевме да забележиме на нејзиниот профил на Инстаграм, а покрај летните одмори таа вежбаше до крајот на својат бременост.
Ѝ посакуваме среќно мајчинство на Катарина и уште многу дечиња и среќни моменти заедно со нејзиното семејство.










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











