Педесет илјади луѓе вечерва се собраа на централниот плоштад во Подгорица за да му изразат поддршка на досегашниот премиер Мило Ѓукановиќ, чија партија победи на неодамнешните парламентарни избори, но нема да може да состави влада. Говорниците на собирот, кој помина без инциденти, кажаа дека дошле да ја одбранат земјата.
Присутните порачаа дека Ѓукановиќ ја направил Црна Гора каква што е денес и извикуваа пароли „Ова не е Србија“ и „Не ја даваме Црна Гора“. Тие кажаа дека нема да се предадат.
Сајтот „Н1“ објави дека не е познато кој го организирал собирот, а претходно, на социјалните мрежи се истакнуваше дека го прават „црногорски патриотски организации“.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















