Тешко е да се замисли како изгледал крајот на Првата светска војна од првата линија на фронтот, но сега барем знаеме како сето тоа звучело.
Објавена била аудио-снимка стара сто години, на која се забележани последните секунди од војната, по што уследила и малку страшна тишина.
Снимката настанала во близина на реката Мозел, која тече низ Франција, Германија и Луксембург. Последните моменти биле забележани во 11 часот, на 11. ноември 1918. година.
Аудиото започнува со звуци од експлозии и рафали, за потоа да настапи толку саканиот мир.
Снимката била реставрирана од автентична трака, а ја објавил британскиот Воен империјален музеј пред вчерашниот состанок во Париз.













![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)



















