Канадската актерка, Ким Катрал, е родена на денешен ден – 21 август, 1956 година.
Славната актерка која е најпозната по улогата на Саманта Џонс од серијата “Сексот и градот” зад себе има повеќе од 80 улоги во кариерата.
Таа стекнала богато искуство и проживеала разни животни лекции кои во текот на годините отворено ги споделувала во интервјуа.
Како и феноменалниот лик кој го глумеше, Катрал е многу отворена личност и не ѝ е проблем да каже што мисли. Ние издвојуваме дел од нејзините искрени мислења кои се навистина мудри:
1. Бидете свои и вистински радувајте се на тоа. Следете го ритамот на сопствените инструменти.
2. Тоа е твое тело и твој живот. Прави го она што сакаш да го правиш.
3. Голем дел од мојот живот беше осамен. Фантастичен, но сепак осамен.
4. Отсекогаш сум верувала дека она што е малку е всушност повеќе.
5. Животот е кога го следиш срцето каде што те води. Барем јас го правам тоа.
6. За 3 секунди знаеш дали сакаш да го делиш животот со некого – ќе биде долг половина час ако не си во право.
7. Одлично се забавував во младоста и уште се чувствувам млада, но немам никаква желба да изгледам како да имам 20 години.
8. Нема потреба да се чувствувате поразено на 40, 50 или 60 години. Одлично ја живеам втората половина од животот.
9. Цел живот сум на диета бидејќи имам голем апетит.
10. Во животот и кариерата сакам да го прифатам стареењето затоа што мислам дека е забавно и интересно.