Познат Јутјубер открил како на едноствен начин да го решите проблемот – замаглување на стаклата во автомобилот.
Експериментот го поделил со целиот свет. На прво ставил фабрички произведено средство за спречување замаглување, на второто стакло ставил пена за бричење, на третото масло за ббе, на четвртото компир, а на петтото гел за раце.
Како што покажал експериментот, единствено ефикасно комерцијално средство е пената за бричење.
Погледнете повеќе во видеото:
Уште една голема дилема за возачите:
Возачите долго спорат за тоа дали акумулаторот зиме треба да се чува дома, или, пак, да остане таму каде што му е местото – под хаубата на автомобилот.
Поддржувачите на првата теорија велат дека акумулаторот во зимскиот период е како „млада дама во мини здолниште“: ако го приберете дома навечер, тогаш наутро е веднаш подготвен за во погон.
Противниците, пак, сметаат дека на студ акумулаторот се вади многу побавно отколку на топло време.
Натаму, тие велат дека симнувањето може да доведе до проблеми со алармот и електрониката на автомобилот, како и дека секојдневното носење дома и враќање назад е многу тешко и напорно.
Стручните лица сметаат дека вториве се повеќе во право, односно оти до одреден степен, акумулаторот ги издржува температурите блиску под нулата. Доколку, пак, температурите се пониски, треба само почесто да се провери нивната состојба, и малку почесто да се чистат клемите.
Но, ако станува збор за стар акумулатор, тој не треба да биде долго на студ. Но, треба и што побрзо да се замени со нов.
Доколку вашиот акумулатор не успева да го запали автомобилот, голема е веројатноста тој да е испразнет.
Доколку немате време да чекате помош на пат, потребно е да го направите следново:
Скршете неколку таблети аспирин и обидете се да ги пикнете во отворите на акумулаторот. Салицилната киселина реагира со сумпорната киселина во акумулаторот и веднаш ќе го врати во живот, а вие ќе може да продолжите да возите.