Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Бостон Селтикс со 106:101 и поведоа со 2:0 во полуфиналната серија на Истокот. До победата, “жешките” дојдоа по неизвесната завршница. Ова претставува клучен чекор кон големото финале имајќи во предвид со каков интензитет и неисцрпна енергија настапија адутите на тренерот Ерик Сполстра. Тимот од Флорида ја продолжува својата успешна приказна.
Натпреварот го одбележа нова феноменална партија на Словенечкиот плејмејкер Горан Драгиќ. “Змејот” постигна 25 поени и реализираше 5 асистенции. Бостон прв стигна до водство, дури двоцифрено, бидејќи постигна +17 поени на крајот од вториот дел. Селтикс имаа висока предност и на почетокот на третата четвртина, но Мајами подоцна потврди дека во овој плеј-оф нема сигурна предност. Селтикс имаа напад за изедначување на крајот од мечот, но Џејлен Браун промаши шут за продолжение.
Покрај Драгиќ, во тимот на Мајами одличен беше и “Аll Star” центарот Бем Адебајо со 21 постигнат поен. Следниот меч се игра за 2 дена.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















