Некогашниот супермодел Хелена Кристенсен го покажала својот младолик изглед во 50-тата година од животот.
Најновата фотографија која ја објавила на својот профил на Инстаграм докажува дека оваа жена не старее.
Во 50-тата година има совршено витка линија и негувано лице кое зрачи со неверојатна свежина.
Версаче за неа своевремено рекол дека таа има најдобро тело на планетата, а со време гледаме дека годините и тоа како добро и стојат.
Хелена во 1986-та година била прогласена за Мис на Данска, а била и дел од ангелите на Викторија.
Еднаш рекла дека никогаш не држела диети и дека има среќа бидејќи има добар метаболизам.
Со спорт почнала да се занимава дури во 30-тите години, а денес толку тоа и дава енергија.