На Руни очигледно пивото и жените му се неизлечливи пороци, па неговата сопруга повторно размислува за развод.
Колин Руни го губи трпението со славниот сопруг Вејн Руни. Откако нивниот десет годишен брак неколку пати западна во тешка криза поради неговите пијанства и забавувања со други жени, Колин повторно размислува за развод.

“Колин и неговото семејство сакаат тој да побара стручна помош. Му рече дека ќе се разведат доколку не престане со пиење и изневерување”, изјави извор близок до парот.
