Таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ. Борче Поповски работи во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”.
Ова за ТВ 24 го потврдија и од ЕЛЕМ и Кирацовски кој сепак тврди дека тој е ангажиран преку приватна агенција и дека тоа е посебна фабрика, која не е ЕЛЕМ.
– Не е точно. Таткото на мојата сопруга е вработен во ДООЕЛ ФОД-Фабриката за опрема и делови преку приватна агенција за вработување. Претходно работел во фабриката Киро Дандаро, а сега работи во алатницата на фабриката за опрема и делови, изјави Кирацовски, пренесе ТВ24.
Прашан дали имал влијание за вработувањето на неговиот дедо, Кирацовски одговори:
– Со индигнација ги отфрлам грубите инсинуации и алудирањето дека како функционер сум го вработил. Не е ни некоја солидна работа со која може да се пофали човек, одговори тој.
Од ЕЛЕМ потврдија дека лицето Борче Поповски е вработено во ЕЛЕМ во ФОД ДООЕЛ – Новаци.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















