Необичен феномен во кој земјата се разделила, а тлото станало течно, е снимен за време на земјотресот во Хрватска.
Разорен земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер вчера ја погоди областа на Петриња во централна Хрватска.
Покрај Петриња, кој е во урнатини, во потресите кои не престануваа настрада и Сисак.
Снимката направена вчера во тој град покажува необичен феномен на ликвификација на тлото, кој се случува по силни земјотреси.
На снимката се гледаат уплашени мештани на отворен простор, додека под нивните нозе се отвораат пукнатини во тлото и земјата станува течна.
Иако може да изгледа како да се излеала канализација, всушност се случува промена на механичките својства на тлото поради натопување, при што тоа ја губи цврстината и станува течно.
Феноменот се случува поради намалување на напонот меѓу честичките на тлото, а предизвикан е од зголемениот притисок предизвикан од земјотресите.
Иако оваа појава е одамна позната, особено нејзиното негативно дејство, кога тлото целосно ја губи носивоста, дури во 1964 година по земјотресот во Нигата, Јапонија и на Алјаска е забележано нејзиното разорно дејство од страна на сеизмолозите и градежните инженери.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












