„Жан Митрев Клиник“ заинтересирана да отвори подружница во Гевгелија

396

Градоначалникот на Гевгелија,Сашо Поцков,оствари средба со познатиот кардиолог и академик д-р Жан Митрев на која беше разговарано за условите и можностите за отворање подружница на „Жан Митрев Клиник“ во Гевгелија.

Кардиологот Жан Митрев конкретно изрази заинтересираност за отворање дијагностичка амбуланта во Гевгелија, за локациските и инфраструктурните услови за реализација на ваквата иницијатива како и за законската регулатива околу реализацијата на проектот.

Градоначалникот Поцков ја поздрави иницијативата и изрази подготвеност на Општина Гевгелија за поддршка и нејзина реализација, пред се, заради подобрување на квалитетот на здравствените услови во општината, но и за развој на медицинскиот туризам во пограничен регион како што е Гевгелија. Поради тоа Поцков прифати обврска покрај обезбедување локациски услови или простор, општината во соработка со постојните здравствени установи да ја утврди потребата на граѓаните на Општина Гевгелија од здравствената услуга што ја нуди „Жан Митрев Клиник“, како и потребата на потенцијално можните пациенти од соседството имајќи предвид дека граѓаните од соседна Грција се секојдневни гости во Гевгелија.