Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу Македонија и Грција, изјави специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, по средбата во Њујорк со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, јави дописникот на МИА од Атина.
– Очигледно политичкиот прцес во двете земи напредува, а јас како претставник на ОН останувам подготвен да помогнам. Ако на двете страни им е потребна моја помош, Обединетите нации се подготвени да помогнат, рече Нимиц.
Катругалос истакна дека на средбата со Нимиц ја повторил „посветеноста на Грција на духот и на содржината на Договорот од Преспа, со предусловот што се подразбира, дека оваа посветеност е заемна и за другата страна“.
– Разговаравме за напредокот и за одредени проблеми што се создадоа во изминатиот период и му се заблагодарив за важниот придонес што го направи досега за, се надевам конечно, решавање на ова прашање, рече Катругалос.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, во Њујорк се сретна и со специјалната претставничка на ОН за кипарското прашање, додека пак денеска е во Вашингтон, каде што започнува стратешкиот дијалог Грција –САД.
Во 16 часот по локално време, Катругалос ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а претходно ќе има средба со Џон Болтн, советникот за национална безбедност на претседателот на САД.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















