Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска им порача на родителите на ученици од основно и средно образование дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври.
Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање зошто државата во четвртиот пакет на економски мерки не излезе со конкретна помош за купување на техничка опрема како компјутери и мобилни телефони заради онлајн наставата, таа рече дека токму купувањето во рамки на проектот „Викенд без ДДВ“ е можност за тоа.
– За време на „Викенд без ДДВ“ ќе може да се потрошат најмногу 30.000 денари во чии рамки може да влезе и таква опрема, а потоа на родителот ќе му се врати платениот данок, рече Шахпаска.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи уште еднаш повтори дека се очекува дека за време на овој викенд фискалниот ефект ќе биде 17 милиони евра вратени назад кон граѓаните.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











