Возач на автобус на ЈСП со својата смиреност и професионалност се погрижил патниците безбедно да стигнат до своите домови, откако ги зафатило силното невреме кое вчера го погоди Скопје и околината.
За неговата постапка сведочи скопјанката Далиборка која се превезувала со автобусот на линијата 65 кон Раштак. Невремето ги затекнало кај Бит-пазар, каде парчиња од околните објекти удирале во автобусот, а дрвја паѓале во непосредна близина.
И покрај опасната ситуација, возачот останал прибран и го однел автобусот на безбедно во гаражата во Автокоманда. Таму почекал да помине најсилниот удар на невремето, по што го продолжил патувањето и ги однел патниците до нивните одредишта.
„Не нè истовари на немилост на временската непогода. Почека да помине најлошото, а потоа сите нè однесе безбедно дома“, напиша скопјанката на Фејсбук.
Таа му изрази благодарност за одговорноста и грижата што ги покажал во исклучително тешките услови.
„Во маката навистина се познаваат јунаците. Огромно браво и длабока почит за овој човек. Светот има потреба од повеќе вакви професионалци и луѓе со срце“, порача таа.
Во денот кога невремето остави големи последици низ Скопје, оваа постапка покажа колку смиреноста, професионалноста и човечноста можат да бидат значајни во моментите кога безбедноста на луѓето е најважна.



![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)
































![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-100x70.jpg)

