Земјотрес ги разбуди утрово охриѓани

933

Утрово во 5:10 часот земјотрес ги разбуди охриѓани.

Земјотресот според информациите бил со јачина од 3,3 степени, со епицентар на 2 километри северно од охридското село Косел и на длабочина од 2 километри.

Според макросеизмичкиот интензитет, земјотресот бил од 4 категорија.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните општини Струга, Вевчани и Дебрца, а и во делови од Албанија.