Зелена корона точка на Јадранот: Нема случај на заразени од почетокот на пандемијата! Како е можно тоа?

428

Вирусот корона со месеци се шири по целиот свет, а последните денови просто експлодираше во поголем број држави во Европа. Сепак, овој вирус не можеше да стапне на еден хрватски остров.

На Ластово, остров со 760 жители, што е оддалечен околу пет часа со траект од Сплит, од февруари, кога беше регистриран првиот случај на вирусот корона во Хрватска, до денес никој, никој не е заразен.

Немаме конкретни објаснувања зошто не е забележан ниту еден случај на корона на островот цело ова време. Имавме напорно лето, многу туристи, животот е ист како и во сите други области. Луѓето ги кршат и почитуваат мерките, не постои поинакво, поспецијално однесување што го практикуваме во нашата заедница, велат мештаните.

Живееме како остатокот од светот. Ние сме затворена средина, зад нас, од туристичка гледна точка, е успешно лето. Можеби имаме посилен колективен имунитет. Областа на островот е секако енергетски посилна поради природната средина. Благодарни сме му на Бога и се надеваме дека Тој ќе не одржи. Можеби објаснувањето е скриено во некоја нематеријална причина, имам простор да верувам во таква опција, рече шефицата на Кризниот штаб на Ластово, Маргарет Хропиќ.

Локалните жители велат дека островот бил преполн во текот на сезоната, но сепак, нема корона.

Еден од најголемите претприемачи од Ластово, Марчелино Симиќ, рече дека и по 300 луѓе циркулирале на мал простор.

Толку народ помина и дали некој се зарази: Не! Дали короната дојде: Не! Имавме два, три случаи на самоизолација, но не од мештаните туку од гостите кои дојдоа на островот, па мораа да ја поминат таа мерка. И сè беше здраво. Зошто? Нема корона на отворено, не може да преживее таму.

Малку луѓе има на целиот остров од 50 километри квадратни. Целиот наш остров е една голема самоизолација. Се внимаваше кога се излегуваше на брегот, се внимаваше на траектот и катамаранот. На секој од нас навистина му е важно како се однесува. А, на Ластово има посебна енергија што нè одржува сите заедно, рече тој за порталот Слободна Далмација.