Страшна глетка на Камчатка: Бранови високи 10 метри на брегот исфрлиле кит од неверојатни 19 метри

85

Силната бура на брегот на Камчатка исфрлила кит долг дури 19 метри.

Според зборовите на очевидците, китот на брегот буквално го исфрлиле големите бранови. Китот е долг 19 метри, што за овој вид е вистинска реткост.

За несреќното животно немало спас, силните струи и бранови го удирале по брегот, но и по бродот кој бил таму закотвен, за што сведочат и раните на неговата глава.

Претходно хидрометеоролошкиот центар на Камчатка предупредил дека бура со бранови со висина до 10 метри се очекува од 18-ти до 19-ти ноември на западните и централните Алеутски острови, како и во Беринговото море.

Иако се развила полемика дали станува збор за син и грбав кит, локалните извештаи наведуваат дека станува збор за грбав кит.

Возрасните единки од грбав кит долги се од 12 до 16 метри, тешко од 25 до 30 тони, така што ова е единствен примерок, со трагичен крај, за жал. Научниците ќе утврдат дали е ова еден од најголемите грбави китови видени до сега.