Затвор за докторот: Осуден е пластичниот хирург кој ставил кокаин на пенисот после што настрадала неговата љубовница

406

Докторот Андреас Дејвид Нидербихлер (43) е осуден на девет години затвор, поради смртта на Ивон М. (38), неговата љубовница, која починала после орален секс со него минатата година, кога на пенисот ставил кокаин.

Андреас, инаку естетски хирург, и Ивон биле во сексуална врска. Таа му била пациентка, а поради успешниот доктор сакала дури да го остави сопругот.

„Ветуваше дека ќе ја излечи, а сега е мртва. Нашата ќерка беше атрактивна и беше негова пациентка. Ја оперираше два пати поради повреда на тетивата“, рекол скршениот од тага татко, кој после смртта на својата ќерка два пати преживеал сцрев удар.

„Ако настрадаше во сообраќајна несреќа ќе знаевме како да го прифатиме тоа, но ова е многу потешко“, додал тој.

Кобната вечер биле во станот на хирургот, кој пред оралниот секс ставил кокаин на својот пенис, но не ѝ кажал на љубовницата за тоа. После сексот, жената починала.

За време на судењето се дознало дека хирургот во неколку наврати помеѓу 2015-та и 2018-та година, тајно ги дрогирал своите партнерки ставајќи кокаин на својот пенис, а дрога им ставал и во шампањот кој го пиеле.

Пред трагедијата бил познат како успешен естетски хирург и водел неколу клиники.