Заљубена двојка поради бакнеж на улица казнета со 400 евра

61

Една заљубена двојка во Милано е казнета со 400 евра поради бакнување на улица, откако претходно ги симнале маските од лицата.

Со овој свој потег заљубената двојка ги прекршила мерките воведени поради пандемијата од корона, пренесува „Дејли маил“.

Откако се бакнувале додека шетале сами по улицата одејќи кон ресторан парот бил пресретнал од полицајци кои веднаш им напишале казни.

Станува збор за 40 годишен Италијанец и жена од Полска кои се верени повеќе од две години.

Иако се обидувале на полицајците да им докажат дека се верени, полицајците биле ригорозни бидејќи парот според документите живеел на различни адреси.

Откако им бил утврден идентитетот полицијата на Италијанецот и девојката од Полска им одредила казна од 400 евра, поради не почитување на мерката за носење маска и оддржување на дистанца од еден метар.

Овие мерки не важат само за лица кои живеат на иста адреса.